НЕ Е ПОТРЕБЕН ПЦР АКО СТЕ ВАКЦИНИРАНИ: Египет ги соопшти условите за влез во земјата
Властите на Египет
соопштија дека веќе од вчера им е дозволен влез на туристите и сите патници кои
се вакцинирани, и при тоа не им е потребен негативен ПЦР тест.
Во соопштението се наведени следните услови за влез во Египет без негативен ПЦР тест:
-Патникот да има потврда за вакцинација против КОВИД-19 со важечки QR-код
-Да се поминати најмалку 14 дена од приемот на втората доза на вакцина (ревакцинација)
Инаку, здравствените власти во Египет ги признаваат вакцините од пет производители: Фајзер-Бионтех, Синофарм, Спутник В, Модерна и АстраЗенека
За патници кои немаат потврда за вакцинација, потребен е негативен ПЦР тест не постар од 72 часа од времето на земање брис до предвиденото време на летот за влез во Египет. За деца на возраст под 5,99 години нема обрвска за ПЦР тест.
