НЕ Е КОНЕЧЕН КРАЈ НА ВСЕЛЕНСКАТА ТРКА МЕЃУ РУСИЈА, САД И ИНДИЈА: Уривањето на Луна-25 и падот на руската вселенска програма по распадот на СССР
Руското вселенско
летало Луна-25 не успеа да слета на површината на Месечината, се урна на
површината на Земјиниот сателит откако изгуби контрола. Руското
вселенско летало последен пат успешно слета на Месечината во 1976 година за
време на СССР.
Руската вселенска сонда, која е со големина колку мал автомобил, тежи околу 1.800 килограми и беше лансирана минатиот петок од космодромот Восточни.
Сондата без екипаж требаше да слета на јужниот пол на Месечината, а нејзината мисија беше следната година да го истражи делот каде што, според научниците, може да има замрзната вода и скапоцени елементи.
Всушност, научниците од НАСА и други вселенски агенции открија траги од замрзната вода во кратерите во последните неколку години, потсетува ХИНА. Постоењето на вода на Месечината е важно за големите вселенски сили бидејќи тоа би овозможило подолг престој на луѓето, а со тоа и ископување вредни лунарни ресурси. Москва последен пат ја испрати сондата Луна-24 на Месечината пред речиси половина век, на почетокот на 1976 година, кога Русија сè уште беше дел од Советскиот Сојуз, вели Анатолиј Зак, основач на www.RussianSpaceWeb.com, кој ги следи руските вселенски програми. Руските научници се надеваа дека мисијата Луна-25 ќе покаже дека Москва може да се натпреварува со суперсилите во вселената, и покрај нејзиниот постсоветски пад и огромните трошоци за војната во Украина.
„Системот за контрола на летот беше ранлива активност, која мораше да помине низ многу поправки“, објасни Зак.
Во изјавата за британската агенција, тој истакна дека Русија, исто така, тргнала на многу поамбициозно слетување на Месечината, пред да изврши поедноставна орбитална мисија - вообичаена практика за Советскиот Сојуз, САД, Кина и Индија.
Падот на руската вселенска програма по распадот на СССР
Руските научници постојано се жалеа дека вселенската програма е ослабена од лоши менаџери желни за нереални вселенски проекти, корупција и пад на строгоста на рускиот постсоветски научно образовен систем.
Пред повеќе од една деценија, неуспехот на мисијата Фобос-Грунт во 2011 година на една од месечините на Марс ги изложи предизвиците со кои се соочува руската вселенска програма: таа дури не можеше да ја напушти орбитата на Земјата и падна назад на Земјата, паѓајќи во Тихиот Океан.во 2012 година.
Во раните 2010-ти, Русија се одлучи на идејата за мисија Луна-25 на јужниот пол на Месечината.
„Некои ова го нарекуваат втора лунарна трка, па затоа е многу важно Русија да продолжи со оваа програма. „Луна-25 не е само една мисија, туку дел од многу поширока руска стратегија која се протега 10 години во иднината“, изјави Зак за Ројтерс.
Луна-25 е дел од руската лунарна програма, која предвидува изградба на вселенска станица на Месечината до 2040 година.
ФОТО: YouTube/Print Screen