НЕ Е ИЗБРАН ПАПА: Повторно имаше црн чад од Сикстинската капела
Нов Папа не е избран ни денеска. И денеска имаше црн чад од Сикстинската капела.
Ниту по двете претпладневни гласања не е избран нов поглавар на Римокатоличката црква. Ниту еден од 133-цата кардинали не доби двотретинско мнозинство на гласови за наследник на папата Франциск кој почина на 21 април од мозочен удар.
Попладнево и вечерва се очекуваат уште две гласања за избор на нов Папа – околу 17:30 и 19:30 часот. Во случај на црн чад, гласањето ќе продолжи утре.
Како што пренесува Индекс.хр, од извори во Ватикан се дознава дека ноќта пред вчерашното гласање најмногу се расправало за седуммина кардинали како можни папи, а меѓу нив не е Цупи, ниту довчерашниот фаворит – Филипинецот Луис Антониот Тагле, кого го викаат филипинскиот Франциск.
Двајца претходни поглавари на Римокатоличката црква – Бенедикт 16-ти и Франциск беа избрани за време на вториот ден од конклавата, додека папата Јован Павле Втори беше избран третиот ден.
Папата Франциски почина на 88 година. Тој пред неколку години ја посети и Македонија.