Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не е до мобилните, тоа е смешно - украинската армија објасни како ги лоцирала руските војници во Макиивка

Не е до мобилните, тоа е смешно - украинската армија објасни како ги лоцирала руските војници во Макиивка

Украинската војска денеска откри дека мобилните телефони не се главната причина како ги лоцирале руските војници во Макиивка, пишува Си Ен Ен. 

Серхиј Череватји од украинската војска вели дека не е паметно да се користат телефони со геолокација, но објаснувањето е смешно. 

Русија претходно објави дека загинале 89 војници и дека украинската војска ги открила затоа што неовластено користеле мобилни телефони. 

Череватји вели дека руската страна бара виновници и вината се префрла од еден на друг.  Рече дека не е само до телефоните, туки руските сили не биле соодветно скриени, а тоа било толку очигледно и украинската војска тоа го искористила. 

Патриотска група која ги претставува вдовиците на руските војници го повика рускиот претседател Владимир Путин да нареди масовна мобилизација на милиони мажи и да ги затвори границите за да обезбеди победа во Украина, пишува Скај Њуз.

Поранешниот директор на Роскосмос и шеф на специјалниот одред на воени советници Царски волци, Дмитриј Рогозин, кој беше ранет во Доњецк, му испрати фрагмент од граната извадена од вратот на францускиот амбасадор во Русија, Пјер Леви.

За потсетување, руската инвазија на Украина почна на 24 февруари лани. 

Foto: FaH

Слично

Поврзани вести