„НЕ Е ДЕМОКРАТИЈА, ТУКУ ПРИКРИЕНА ТИРАНИЈА, ПРОБЛЕМОТ Е ПОЛИТИКАТА НА ОТВОРЕНИ ВРАТИ ЗА ИМИГРАЦИЈА“: Рубио со критика кон Германија за прогласувањето на AfD за екстремистичка организација
Државниот секретар на САД, Марко Рубио ја осуди одлуката на германската разузнавачка агенција да ја следи партијата АфД
Рубио верува дека вистинската опасност не е АфД, туку политиката на отворени граници за имиграција.
Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека одлуката на германските власти да ѝ дадат на разузнавачката агенција овластување да ја следи крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) „не е демократија, туку прикриена тиранија“.
„Она што е навистина екстремистичко не е популарната партија АфД, која се најде на второто место на неодамнешните избори, туку смртоносната политика на отворени граници за имиграција на која се спротивставува АфД“, напиша Рубио на социјалната мрежа X.
Тој рече дека Германија треба да го промени курсот.
Германската разузнавачка служба (BfV) вчера ја класифицираше AfD како екстремистичка организација што ја загрозува германската демократија.
Новиот статус на партијата им олеснува на властите да користат тајни методи за нејзино следење, како што се ангажирање доверливи информатори и пресретнување на комуникациите.
