Не дозволувајте Путин да ја претвори Украина во Сирија, вели Кулеба
Украинскиот шеф на дипломатијата, Дмитро Кулеба ги повика министрите за надворешни работи на НАТО да не дозволат Русија да ја претвори Украина во Сирија, каде што од 2011 година се води граѓанска војна.
Вели да делуваат сега додека не биде предоцна.
„Не дозволувајте рускиот претседател Владимир Путин да ја претвори Украина во Сирија. Ние сме подготвени да се бориме. Ќе ја продолжиме борбата. Но, сега ни требаат партнери кои ќе ни помогнат со конкретни, одлучни и брзи акции“, објави Кулеба на Твитер.
Како што објави Агенцијата на ОН за бегалци, најмалку 1,2 милиони луѓе ја напуштиле Украина и заминале во соседните земји. Најмалку 2.000 луѓе загинаа, а меѓу нив има и деца.
Слично
