НЕ ДОАЃАЈТЕ НА АЕРОДРОМ АКО НЕМАТЕ КУПЕНО КАРТА - колапс во Германија, Луфтханза ги откажува летовите
Водечката германска авиокомпанија Луфтханза е принудена да ги откаже речиси сите летови поради најавениот штрајк на персоналот, пренесува Дојче веле.
Компанијата соопшти дека нејзините вработени најавиле еднодневен штрајк, кој ќе се одржи во среда, но дека поради последиците што ќе ги предизвика на компанијата, веќе денеска е принудена да ги откаже речиси сите полетувања од аеродромите во Франкфурт и Минхен.
Беше најавено и дека распоредот на летови најверојатно нема да се нормализира до крајот на неделата.
Вкупно се откажани повеќе од 1.000 летови, а се проценува дека се оштетени околу 134.000 патници, пишува DW.
Зошто штрајкуваат?
Верди, синдикатот на авиокомпанијата, повика околу 20.000 вработени на штрајк со цел зголемување на платите.
Мајкл Нигеман, шеф на човечки ресурси во Луфтханза, го критикуваше потегот, нарекувајќи го предвремен, кој доаѓа по само два дена преговори за зголемување на платите.
Тој додаде дека штрајкот ќе ги погоди патниците, особено сега кога е „шпицот на сезоната“.
Кои аеродроми штрајкуваат?
Луфтханза соопшти дека главните аеродроми во Франкфурт и Минхен нема да бидат единствените аеродроми погодени од штрајкот. Авиокомпанијата, исто така, очекува ова да влијае на аеродромите во Берлин, Бремен, Келн, Дизелдорф, Хамбург, Хановер и Штутгарт.
„Не доаѓајте на аеродром ако немате купена карта“
Поради штрајкот, авиокомпанијата ги советува патниците да не доаѓаат на аеродромот без купена карта, бидејќи речиси ниту еден шалтер на терминалите нема да биде отворен.
Исто така, ги советува корисниците да не ги користат споменатите аеродроми како „места за поврзување со друг лет“, бидејќи може да се случи да останат без и да чекаат со денови за нови.
Извор: Нова.рсФото: EPA/Franck Robichon
