Не доаѓајте да барате гласови - навреди за Ердоган по катастрофата која ја зафати Турција
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган трпи навреди во зоната каде се случи силниот земјотрес.
Хакан Танриверди му порача „Не доаѓајте овде да барате гласови“. Турскиот лидер предложи одржување избори на 14 мај кои би можеле да ја задржат неговата влада до 2028 година. Датумот и дава малку време на неговата расцепкана опозиција да ги реши нивните разлики и да се договори за заеднички претседателски кандидат. Во Турција и Сирија загинаа над 21.000 луѓе. Луѓето велат дека самите се оставени на себе. На властите им порачуваат да се засрамат. Ердоган претходно порача дека никој нема да остане без дом, но и дека луѓето треба да бидат трпеливи и да не ги слушаат провокаторите. Мештаните се жалат дека спасувачите не пристигнале навреме за да ги извлечат луѓето кои ги преживеале првите критични часови. Некои рекоа дека немало механизација за дупчење низ бетонските плочи. Над 70 држави понудија помош за Турција.
foto Reuters
