НЕ ЧЕКАА ДОЛГО: Јужна Кореја и Америка испалија ракети кон Северна Кореја
Војските на Јужна Кореја и САД испалија неколку балистички ракети кон Северна Кореја во рамки на вежби за симулација на напад и како знак на предупредување на северниот сосед, јавија јужнокорејските агенции.
Вежбите и симулациите на напад ги надгледувал претседателот на Јужна Кореја Мун Џе-ин, додава агенцијата.
„Мун во текот на вежбата рекол дека сериозната провокацијата од Северна Кореја ги навела властите дополнително да реагираат и да покажат способност на ракетна одбрана“, наведува Јонхап агенцијата.
Воената вежба е одржана на денот откако Северна Кореја испалила нова балистичка ракета која паднала во Јапонското море.
Американските власти потврдија доцна синоќа дека Северна Кореја спровела прво тестирање на интерконтинентална балистичка ракета.
Поради таа нова ракетна проба, Советот за безбедност на ОН денес после пладне ќе одржи итен состанок на барање на САД.
