Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ БИЛ ЗАДОВОЛЕН ОД УСЛУГАТА И СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ЗАПАЛИ ЈАВНА КУЌА - Србин уапсен во Виена

НЕ БИЛ ЗАДОВОЛЕН ОД УСЛУГАТА И СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ЗАПАЛИ ЈАВНА КУЌА - Србин уапсен во Виена

Триесет и четиригодишен српски државјанин е уапсен во Виена поради сомнение дека се заканувал дека ќе запали бордел.

Според австрискиот kleinezeitung.at, Србинот дивеел бидејќи проститутката од чија услуга не бил задоволен, одбила да му ги врати парите.

„Полициската акција беше спроведена во неделата попладне во бордел во Виена. Србинот наводно бил премногу насилен кон жената, па таа престанала да му пружа услуга околу 16 часот. Триесет и четиригодишниот Србин тогаш почнал да дивее и барал да му ги вратат парите. Жената одбила, настанала расправија и тој се заканувал дека ќе го запали борделот“, потврдил портпаролот на полицијата Кристофер Верхњак.

Полицијата брзо пристигналa во борделот и го уапсила српскиот државјанин. На распитот тој тврдел дека тоа не е точно и не го признавал извршувањето на делото.

Слично

Поврзани вести