НЕ БИЛ ИСЧЕЗНАТ, САМО СЕ ПРИТАИЛ: Милијардерот Џек Ма и натаму го нема во јавноста
Кинескиот милијардер и основач на „Алибаба“, Џек Ма, не е присутен во јавноста повеќе од два месеци, па медиумите шпекулираа дека тој исчезнал откако ја критикуваше кинеската влада во октомври и повика на реформи на системот.
Сепак, изворот на близок до него вели дека тој не исчезнал, туку само се притаил.
Факт е дека последните два месеци не е познато каде е милијардерот, што прави и со што се занимава.
Џек Ма дури не се појави во последната епизода од сопственото шоу „Африкански деловни херои“ во кое беше еден од судиите, а него го замени извршната директорка на „Алибаба“, Луси Пенг, додека неговата фотографија беше отстранета од веб-страницата, објави ФТ.
Портпаролот на „Алибаба“ тогаш изјави дека Ма не е во жирито „поради преклопување на неговиот распоред“.
Пекинг започна контроли врз компаниите на Ма, откако тој одржа контроверзен говор во Шангај на 24 октомври, во кој го критикуваше кинескиот регулаторен систем, кој ја задушува иновацијата, и ги спореди глобалните банкарски правила со „клубот за пензионери“.
Нешто повеќе од една недела подоцна, првата јавна понуда на неговата компанија, Ант Груп, беше суспендирана со рекордни 37 милијарди долари, што веќе имаше одобрение од кинеската Комисија за хартии од вредност и кинеските власти започнаа антимонополска истрага против „Алибаба“ кон крајот на декември. И беше побарано од групацијата Ант да го преструктуира својот бизнис.
Оттогаш, тој не се појавува во јавноста ниту е активен на социјалните мрежи.
Тој е 17-тиот најбогат човек на светот за минатата година, со проценета вредност на имотот од 58 милијарди американски долари.
