Назначен новиот претседател на Надзорниот одбор на „Фолксваген“-Еве кој е!
Раководството на „Фолксваген“ го назначи досегашниот финансиски директор Ханс Дитер Проч за претседател на Надзорниот одбор, соопшти агенцијата „Ројтерс“.
Тој изјавил дека ќе биде потребно „некое време“, за да може компанијата да се справи со скандалот за манипулирање со податоците за емисиите на нејзините мотори. „Никој нема корист од шпекулации или од општи, нејасни извештаи“, изјавил Проч на прес-конференција, на која беше прогласена неговата нова должност.
„Значи ќе помине некое време додека добиеме точни и сигурни резултати и можеме да ви дадеме сеопфатни информации“, додал тој, одбивајќи да одговори на повеќе прашања.
Проч се грижеше за финансиите на „Фолксваген“ од 2003 година досега и го презема раководството на советот во екот на најголемата криза во историјата на „VW“.
Скандалот со штетните гасови ги урна цените на акциите на „VW“ за повеќе од една третина и доведе до оставка на извршниот директор Мартин Винтеркорн. Аналитичарите на „UBS“ проценуваат дека загубите на фирмата може да се искачат на 35 милијарди евра.
