Навални сепак ќе се лекува во Германија: Беше отруен или не?
Управата на руската болница, каде е хоспитализиран лидерот на руската опозиција Алексеј Навални, денеска одобри негово префрлање во Германија.
Претходно, семејството на Навални побара тој да го продолжи лекувањето во Германија.
„Одлучивме да не се спротиставуваме на негово префрлање во друга болница, што ќе ја одреди неговото семејство, изјави заменик директорот на болницата во Омск, Анатолиј Калиниченко.
Тој додаде дека Навални е во стабилна состојба.
Навални вчера беше итно примен во болница откако му се слоши за време на летот од Томск за Москва. Неговите соработници се сомневаат дека тој е отруен, додека руските лекари тврдат дека се работи за метаболичко заболување кое е последица на ниското ниво на шеќерот во крвта.
