Навала на он-лајн продавниците во Кина за Денот на самците
Купувачите во Кина денеска потрошиле милијарди долари на интернет, искористувајќи ги попустите кои се нудат на т.н. Ден на самци, празник кој трговците го креираа за да ги привлечат самците да се утешат со шопингот како терапија.
Кина има најголем број на корисници на интернет во светот и прогнозите се дека годишната он-лајн продажба во оваа земја ќе вреди помеѓу 420 и 650 милијарди долари до 2020 година, кога Кина ќе стане најголем светски интернет пазар, наведува консултантската група “Mekinsli”.
Заработката до 13 часот денеска е еднаква на онаа остварена во текот на цел ден на минатогодишниот Ден на самци, покажуваат податоците на компанијата Алибаба.
Кина на крајот од од 2012 година имала 242 милиони он-лајн купувачи, 24,8 отсто повеќе во однос на претходната година, и тие потрошиле околу 1,26 билиони јуани, 66,5 отсто повеќе отколку во 2011 година, покажуваат податоците на Кинескиот центар за интернет информации од април.
Слично
