Научникот кој ја создаде руската хидрогенска бомба, се самоуби и остави проштално писмо
Во стан во руската престолнина Москва, е најден мртов научникот кој ја создаде руската хидрогенска бомба.
Се обеси 92-годишниот физичар Григориј Клинишов, објави „Дејли мејл“. Тој оставил белешка, но детали за тоа не се објавени. Клинишов се самоубил на 17 месецов. Тој ја доби Лениновата награда за неговиот придонес во физичките и математичките науки во 1962 година. Научникот беше меѓу креаторите на првата советска двостепена хидрогенска бомба позната како RDS-37. Таа првпат е тестирана во 1955 година на полигон во степите на источен Казахстан.
Смртта на Клинишов се случи откако рускиот претседател Владимир Путин во средата ги повтори плановите за зајакнување на нуклеарните сили на неговата земја, објави новинската агенција Интерфакс.
Инаку, досега повеќе руски бизнисмени или вработени во Министерството за одбрана починаа под сомнителни околности. Дел од нив ја критикуваа руската инвазија на Украина. Русија на 24 февруари лани ја нападна Украина. Украина тргна во контраофанзива за враќање на окупираните територии.
