Економија, финансии, бизнис

Контакт

Научник предупредува за опасност од појава на Covid-26 и Covid-32

Научник предупредува за опасност од појава на Covid-26 и Covid-32

Мора детално да се истражи коронавирусот, за да се спречи слично сценарио во иднина.  Американски научник предупредува на закани од Covid-26 и Covid-32. 

За ова предупреди американскиот научник и еден од водечките експерти за коронавируси и инфективни заболувања во САД, Питер Хотез. Тој е еден од шефовите на Центарот за развој на вакцини во сојузната држава Тексас и вели дека од „витално значење“ е добивањето информации под кои околности започнал да се шири новиот коронавирус. 

„Ова е веќе третата голема епидемија или пандемија во XXI век (по SARS и MERS)… Сегашната е третата по ред. Мајката природа нѐ тера да сфатиме и ни кажува што ќе се случи во иднина: ќе има Covid-26 и Covid-32, доколку потполно не го разбереме потеклото на Covid-19“, изјави Хотез во гостувањето во емисја на американската телевизиска мрежа NBC News.

Виролози и епидемиолози треба да бидат испратени во кинескиот град Вухан, од каде во декември 2019 година започна пандемијата на Covid-19. 

„Мислам дека навистина треба да извршиме силен притисок врз Кина, вклучувајќи можеби и санкции, за тим од истакнати епидемиолози и виролози во Кина да има непречен пристап до животни, луѓе, примероци и лаборатории“, нагласи Хотез. 

Вели дека виролозите, епидмиолозите и стручњаците за лилјаци треба да престојуваат најмалку шест месеци во кинеската покраина Хубеи, за да го истражат потеклото на вирусот.  Во светот досега има над 171 милион случаи на коронавирусот. И американските разузнавачи бараа да се објават детали за коронавирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести