Научниците веруваат дека го откриле Осмото чудо на светот
Научниците сметаат дека конечно го откриле Осмото чудо на светот во Нов Зеланд, погребано под масивно вулканска ерупција, пренесува магазинот на научниците.
Тие користат податоци од теренски дневник од ХІХ век за да откријат каде би требало да биде неговата точна локација. Станува збор за белите и розови тераси на езерото Ротомахана.
Терасите се најголемата седиментација на силициум од ваков вид, но се сметаат за уништени и погребани по вулканска ерупција во 1886 година во планината Таравера. Сепак научниците биле способни да го одредат речиси точно преку белешки од дневникот од ХІХ век каде биле терасите некогаш.

Терасите од розова и бела седиментација биле светска атракција во средината на ХІХ в., Тогаш туристи од целиот свет патувале да го видат природното чудо. Еден од истражувачите забележува дека бродови со туристи патувале од Велика Британија, Европа и Америка до природно настанатото светско чудо. За жал, и покрај популарноста на терасите, нивната точна локација никогаш не била целосно опишана. Ова, во комбинација со промената на локалниот пејзаж поради вулканската ерупција, направило исклучително тешко да се најдат древните тераси во денешно време.
