Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАУЧНИЦИТЕ ТВРДАТ: Париз, Лондон и други градови ќе бидат под вода

НАУЧНИЦИТЕ ТВРДАТ: Париз, Лондон и други градови ќе бидат под вода

Европа ја чекаат тешки времиња. 

Научници од универзитет во Њукасл велат дека временските услови во Европа ќе станат уште поекстремни.

Тие прогнозираат дека во наредните децении се очекуваат голем број  жешки бранови, многу големи суши, но и големи поплави.

Атина, Рим, Прага и Стокхолм ќе се соочат со многу жешки бранови.

Сушата ќе ги погоди Лисабон и Мадрид, а ова би можело да се случи поради  климатските промени.

Париз ќе се најде под вода, а се прогнозира дека дури 85% од градовите во Англија до 2051 година би можеле да бидат поплавени. 

Поплавите би можеле да го зафатат и Лондон, но најзагрозен град во иднина, барем според овие прогнози, е Даблин.

Доколку нешто драстично не се промени, научниците тврдат дека некои европски градови би можеле да станат непрепознатливи, а поединечни делови на Европа би можеле да останат без основни услови за живот.

Научниците објаснуваат дека ако го намалиме ефектот на гасови на „стаклена градина“, посебно јаглен диоксид, можеме да го намалиме нивното влијание на животот во иднината, но дека секако мораме да се подготвиме за нивно влијание и да ги подготвиме градовите да бидат поотпорни на поплави и суши.

Слично

Поврзани вести