Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАУЧНИЦИТЕ ТВРДАТ: Не чека пеколно лето, ова се температурите

НАУЧНИЦИТЕ ТВРДАТ: Не чека пеколно лето, ова се температурите

Следната 2019-та година ќе биде рекордна што се однесува до температурите, предвидуваат научниците. Температурата ќе скокне за повеќе од еден степен и така ќе се доближи до рекордната температура од 2016-та година, кога се регистрирани температури повисоки за 1,5 степени од периодот 1850-1900-та година, што е основа за мерење на глобалното затоплување. 

„Нашите прогнози предвидуваат дека кон крајот на 2019-та година ќе ја забележиме 19-тата година која урнала рекорд според температурата", рекол Адам Скаиф од "Мет Офис".

Климатските промени го предизвикуваат тој раст на температурите, но и благото загревање кое го поттикнува Ел Нињо, кое ќе влијае на температурите.

Петте најтопли, рекордни години, се забележани од 2015-та година.

Светската метеоролошка организација забележала дека 2018-та била меѓу најтоплите некогаш забележани години, а потопли од неа биле само 2015, 2016 и 2017-та година.

Слично

Поврзани вести