Научниците работат на 190 вакцини против коронавирусот
На 190 вакцини против коронавирусот се работи низ целиот свет, а 11 се во завршна фаза.
Пандемијата на коронавирус може да се запре само со вакцинација, па затоа светот е во очекување на испорака на првите дози, пишува во „Вечерњи лист“.
Вклучени се повеќе од двесте фармацевтски компании и научно-истражувачки институции во пронаоѓање на адвекватна вакцина.
Дел од фармацевтските компании најавуваат дека ќе ја подготват вакцината веќе на крајот на оваа или почетокот на следната година.
Научниците очекуваат дека до крајот на годинава ќе бидат потврдени една или повеќе безбедни вакцини против коронавирусот.
Oд час во час, бројот на заразени во светот расте и се искачи на 37.6 милиони.
Слично
