Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАУЧНИЦИТЕ КРЕНАА УЗБУНА: Еве зошто во Европа стигна студен бран

НАУЧНИЦИТЕ КРЕНАА УЗБУНА: Еве зошто во Европа стигна студен бран

Додека во Европа дојде студен бран кој го доби името „ Ѕверот од истокот “, научниците известуваат дека на Северниот пол температурите пораснале за 30 степени, што е повеќе од зимскиот просек за тоа подрачје.

Не само што регионот близу Северниот пол во моментов го има најтоплиот фебруари уште од 50тите години на минатиот век, туку и метеоролошките станици забележале високи температури 9 дена по ред.

На 25 фебруари температурите бели над точката на замрзнување цели 24 часа, што е незамисливо за месец фебруари затоа што во тој период нема сончева светлина која допира на тоа подрачје.

Научниците велат дека ова се случувало и порано, но никогаш не волку интензивно како последните четири години. Причината за студениот бран е „ влезот на топол воздух “ кој носи голема влага на Северниот пол.

Промена на климата на Северниот пол предизвика поместување на студениот арктички воздух накај Европа, а тоа лесно може да биде и човечки фактор.

Метеоролошка станица на северен Гренланд забележала дека 61 час температурата била над просекот за тоа географско подрачје и тоа само од почетокот на 2018 година, а тоа се поврзува со топењето на Арктикот.

„ Главното прашање е дали ваквите појави ќе зачестат. Ова е само еден момент, па тешко е да се направи некаква проценка за во иднина “, вели професорот Ларс Лакешк.

Резултатите од неодамнешните испитувања покажале дека струењето на топлиот воздух се зголемува на Северниот пол, а редукцијата на ледот на Акртичкиот океан дозволува потопла вода да испарува во атмосферата, што доведува до мешање на струите и померување на студениот бран кон југ.

Метеорологот Роберт Рохд вели дека некои делови од Северниот пол моментално се потопли од Европа.



Слично

Поврзани вести