Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАУЧНИЦИТЕ КОНЕЧНО ДОКАЖАА ЗОШТО ОМИКРОН ДАВА БЛАГА КЛИНИЧКА СЛИКА: Инфекцијата е главно во горните дишни патишта

НАУЧНИЦИТЕ КОНЕЧНО ДОКАЖАА ЗОШТО ОМИКРОН ДАВА БЛАГА КЛИНИЧКА СЛИКА: Инфекцијата е главно во горните дишни патишта

Серија нови студии правени врз лабораториски животни и човечки ткива ги даваат првите навестувања зошто варијантата Омикрон предизвикува поблага болест од претходните варијанти на корона вирусот, пишува Њујорк Тајмс.

Во студиите на глувци и хрчаци, е докажано сека Омикрон произведува помалку штетни инфекции, често ограничени главно на горниот респираторен тракт: нос, грло и душник. Варијантата направила многу помала штета на белите дробови, каде што претходните варијанти често предизвикуваа сериозни тешкотии со дишењето.

„Чесно е да се каже дека се појавува идејата за болест која првенствено се манифестира во горниот респираторен тракт“, рече Роланд Еилс, биолог од Берлинскиот здравствен институт, кој проучувал како корона вирусот го инфицира респираторниот тракт.

Во ноември, кога вестите за варијантата Омикрон пристигнаа од Јужна Африка, научниците можеа само да шпекулираат како таа може да се однесува поинаку од претходните форми на вирусот.

Претходните истражувања покажаа дека некои од овие мутации му овозможиле на корона вирусот поцврсто да се залепи за клетките. Други му дозволија на вирусот да ги избегне антителата кои служат како прва линија на одбрана од инфекција. Но, како новата варијанта би можела да се однесува внатре во телото беше мистерија.

„Не можете да го предвидите однесувањето на вирусот само врз основа на мутациите“, изјави Равиндра Гупта, виролог од Универзитетот во Кембриџ.

Во текот на изминатиот месец, повеќе од десетина истражувачки групи, вклучително и д-р Гупта, го набљудуваа новиот патоген во лабораторија, инфицирајќи ги клетките со Омикрон и прскајќи го вирусот во носот на животните. Додека работеа, Омикрон се рашири низ целата планета, лесно заразувајќи ги дури и луѓето кои биле вакцинирани или кои ја прележале инфекцијата.

Но, како што случаите нагло се зголемија, хоспитализацијата само скромно се зголеми. Раните студии од пациенти сугерираа дека Омикрон има помала веројатност да предизвика тешка болест од другите варијанти, особено кај вакцинираните луѓе. Сепак, овие наоди дојдоа со многу предупредувања.

Експериментите со животни можат да помогнат да се разјаснат овие нејаснотии бидејќи научниците можат да го тестираат Омикрон на идентични животни кои живеат во идентични услови, а повеќе од половина од експериментите објавени во јавноста во последните денови го покажуваат истиот заклучок: Омикрон е поблаг од Делта и другите претходни варијанти на вирусот.


Слично

Поврзани вести