Економија, финансии, бизнис

Контакт

Научниците изненадени: Коронавирусот во Италија дошол од Германија, не од Кина?

Научниците изненадени: Коронавирусот во Италија дошол од Германија, не од Кина?

Тим научници од Милано веруваат дека епидемијата со коронавирусот стигнала можеби во земјата преку Германија , а не директно од Кина, како што многу експерти првично претпоставија.

Научниците трагале за таканаречениот „нулти пациент“ откако се појавила заразата на северот од земјата во Ломбардија на 21 февруари, пренесе Ројтерс.

По опсежните анализи, тимот од Милано уште не го идентификувал нултиот пациент, но го впариле италијанскиот генетски редослед на вирусот со случајот кој се појави во Германија во јануари.

“Случајот кој веројатно им претходеше на други, потекнал од лице заразено во Минхен, судејќи по се, помеѓу 19 и 22 јануари“, изјавил Масимо Гали, шефот на универзитетската истражувачка група и одделение за заразни болести во миланската болница Сако.

Гали додал и дека германскиот пациент е заразен откако контактирал некој кој дошол од Шангај.

Италија е моментно најлошо погодена држава од корона вирусот после Кина со 827 смртни случаи и 12 462 заразени.


* Италија по предлог на премиерот Конте воведе поригорозни мерки

*Претседателот на СЗО: Вирусот е безмилосен, еве ги податоците

*АЛЕКСАНДРА ЗА ФАКТОР од жариштето на коронавирусот во Ломбардија: Излегувам од дома само по потреба

*СЗО прогласи пандемија


Слично

Поврзани вести