Научници тврдат дека бунари длабоки 16 километри под земја би можеле да ја снабдуваат целата планета со енергија
Бунари длабоки 16 километри под земја би можеле да ја
снабдуваат целата планета со енергија, тврдат научниците.
Според нив, под земјата се крие енергија што ги надминува енергетските потреби на планетата за милијарда пати. Додека светот се бори со енергетската криза, а еколозиите се обидуваат да нè одвратат од
користење фосилни горива, важно е да се обезбеди доволно зелена енергија пред да се отфрлат старите навики.
Иако соларните електрани и ветроелектраните се прифатливо решение, кое веќе со децении напредува, сепак и тие имаат недостатоци. Доколку се занемари економскиот фактор, најголема маана кај ваквиот вид производство на енергија е тоа што се генерира енергија периодично и не е достапна 24/7.
Слично
