НАУЧНИЦИ ОД БРИТАНИЈА: Новиот сој на коронавирусот е веројатно поубиствен од оригиналот, за 30 до 70 отсто
Научници кои ја советуваат британската влада околу пандемијата, велат дека новиот сој на вирус, откриен во Велика Британија, е многу веројатно поубиствен од оригиналот, пишува Бизнис инсајдер.
Научниците објавија нови резултати од неколку студии во петокот и проценуваат дека новиот сој, попознат како Б.1.1.7, може да биде 30 до 70 проценти поубиствен од оригиналниот вирус.
Претходно беше откриено дека новиот сој се шири побрзо, а премиерот Борис Џонсон на почетокот на овој месец објави дека „тоа исто така може да биде поврзано со зголемување на смртноста“.
„Бизнис инсајдер“ пишува дека публикацијата на научниците сега ја потврдува оваа теза, но тие нагласуваат дека потребни се неколку подетални студии за да се донесе конечен заклучок во врска со новиот сој и смртноста од него.
Британскиот сој досега е откриен во најмалку 82 држави, пишува The New York Times.
