Економија, финансии, бизнис

Контакт

Научници најдоа докази кои покажуваат од каде потекнува коронавирусот

Научници најдоа докази кои покажуваат од каде потекнува коронавирусот

Научници од Кина информираа дека имаат докази кои покажуваат дека лилјаците се иницијални преносители на новиот коронавирус. 

Ши Жен Ли со своите колеги од Институтот за вирологија во градот Вухан,  утврдиле дека секвенци од геномот се земени од седум пациенти и 96 отсто од нив се совпаѓаат со коронавирусот изолиран од секвенцата на геномите на лилјаците.

Се сомневаат дека најновото ширење на смртоносниот вирус во Кина започнало на рибниот пазар кадешто се продаваат и диви животни. 

Овој вирус предизвика страв во светот. Русија ќе ги изолира и ќе ги депортира сите странци инфицирани од новиот кинески коронавирус. 

Хонг Конг ќе затвори 10 од 13 граници со Кина. 

Бројот на починати во епидемијата на коронавирусот во Кина се искачи на 362 луѓе. 

Македонската државјанка, која вчера без симптоми на корона вирусот со патнички авион беше евакуирана од Вухан, од денеска го минува првиот од 14-те дена предвиден карантин во Франција. 

Слично

Поврзани вести