Националниот штрајк на синдикатите ја парализира Франција
Во Франција денеска ќе се одржи национален штрајк, по што се очекуваат големи проблеми пред се во одвивањето на сообраќајот, јавуваат француски медиуми.
Француските синдикати ЦГТ, ФО, ФСУ и Солидарност го оспоруваат интерпрофесионалниот договор од 11 јануари и повикаа денеска на штрајк. Три синдикални конфедерации склучија со работодавачите договор со кој се предвидени нови односи меѓу работодавачите и вработените.
Штрајкот ќе предизвика хаос во јавниот градски сообраќај како и такси и авио сообраќајот, а можно е да бидат погодени и поштенските услуги. Се очекуваат штрајкови и во Монпеље, Реприњан и Ним.
Слично
