Економија, финансии, бизнис

Контакт

Национални долгови – најризични и најбезбедни

Национални долгови – најризични и најбезбедни
Не е Грција таа земја која има најголем и најризичен долг. Венецуела должи двојно повеќе од Грција. Оваа мапа на Bank of America’s Transforming World Atlas прикажува кои земји во светот имаат најголеми, а воедно и најризични национални долгови. За изработката на овој инфографик се употребени цените на кредитите и кредитните стапки кои земјите треба да ги исплатат на своите кредитори. cds-mapa-boa-01 Иако глобалното внимание е насочено кон Грција и нејзиниот економски систем летово, оваа земја не е во најголема криза. На првото место на оваа ранг листа е Венецуела, чиј долг е најризичен. Чини речиси двојно повеќе од грчкиот или украинскиот долг. Мапата покажува и колку далеку стигнале Шпанија и Ирска. Шпанија поминува низ „повторно будење“ откако помина низ разорувачка депресија и висока стапка на невработеност пред неколку години. Обработка: К.К. Извор: Bank of America’s Transforming World Atlas
Слично

Поврзани вести