Економија, финансии, бизнис

Контакт

Натпреварувач на „Милионер“ направи шоу: Искористи џокер, повика пријател, а тоа што се случи потоа долго ќе се памети

Натпреварувач на „Милионер“ направи шоу: Искористи џокер, повика пријател, а тоа што се случи потоа долго ќе се памети

Швеѓанецот Јонас фон Есен (31) е двократен светски шампион во меморија, финалист на ТВ шоуто „Таланг“, шведската верзија на шоуто „Добив талент“ во кое се натпреваруваат пејачи, танчери, комичари, актери и други изведувачи за поддршка на публиката и парични награди, а сега е и „новопечен“ милионер.

Имено, тој се истакна во шоуто „Postkodmiljonären“, кое го знаеме како „Кој сака да биде милионер“ и стана 14-тиот човек кој освоил милион од почетокот на емитувањето на шоуто во 2005 година.

Џонас стигна до последното прашање без ниту еден џокер.

Кој архитект го дизајнирал Чандигар, главниот град на индиските држави Пенџаб и Харајана, кој бил изграден во 1950-тите? – беше прашањето за милион круни.

Фон Есен размислуваше малку, а потоа реши да го користи џокерот „повикај пријател“. Од другата страна на телефонската линија беше Дејвид, пријателот на Џонас од квизови.

„Дејвид, имаш ли нешто посебно планирано за следната сабота? Имено, би сакал да те поканам на мала забава", рече Јонас фон Есен додека одминуваа секундите, а водителот Рикард Сјоберг зачудено гледаше и слушаше, а потоа, кога конечно сфати што се случува, почна да се смее.

Дејвид ја прифаќа поканата на Џонас за забава и разговорот завршува без натпреварувачот да му го прочита дури прашањето за милион. Бидејќи Јонас фон Есен очигледно го знаеше точниот одговор, но решил малку да се забавува пред телевизиските камери.

„Па, ќе го користам и „џокерот пола-пола“, колку да бидам сигурен! - рече Јонас и продолжи: „Ова може да биде ТВ фијаско на векот, ако сега, после сето ова, паднам“, се пошегува 31-годишникот . Употреби уште еден џокер и на крајот го кажа точниот одговор - Ле Корбизје.

„Освоивте милион!“ – му честиташе водителот Рикард Сјоберг, додека публиката во студиото воодушевено аплаудираше.

Јонас фон Есен подоцна за Афтонбладет изјави дека повикот до пријател не бил планиран.

„Кога го видов прашањето, бев прилично сигурен дека го знам точниот одговор. Седев таму и размислував што да правам, а потоа ми текна дека можам малку да се забавувам... А што ќе се случи ако навистина жртвував милион за таа забава? Па и тоа би било нешто историско, историски лошо само по себе, но сепак историско! Би било толку апсурдно да згрешев!“, изјави Џонас.

А на прашањето што ќе прави со парите, тој одговори:

„Ќе си купам нови шарени чорапи затоа што веќе имам толку многу со дупки на нив! Исто така, ќе можам да посветам повеќе време на она во што уживам, предавајќи технологија за меморија, правење повеќе видеа на YouTube и слично“,  заклучи тој.



Фото и Видео: Youtube

Слично

Поврзани вести