Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАТО веќе не ја смета Русија за партнер

НАТО веќе не ја смета Русија за партнер

"НАТО веќе не ја смета Русија за партнер", изјави за новинарите во четвртокот командантот на силите на НАТО во Европа Филип Бридлав.

"Во текот на 20 години големината на силите во Европа беше планирана за ситуација во која ние гледавме на Русија како на партнер. Го намаливме бројот на нашите сили со повеќе од 75% од времето на Студената војна наваму. Сега гледаме дека Русија демонстрира, дека не е партнер ", додаде тој.

Претходно во четвртокот, кога зборуваше во Сенатот на САД, Бридлав изјави дека каналите за комуникација помеѓу военото раководство на НАТО и Русија остануваат, но ретко се користат.

На позадината на несогласувањата со НАТО поради Украина, Русија забележа нагло зголемена активност на НАТО во близина на своите граници, а НАТО пак ја најави за "необична" активноста на руската армија.

Слично

Поврзани вести