Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАТО собира коалиција против ИСИС: Земји членки испраќаат бродови и авиони во Сирија

НАТО собира коалиција против ИСИС: Земји членки испраќаат бродови и авиони во Сирија

Сите земји од НАТО се дел од меѓународната коалиција против "Исламска држава". Ова го изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи во седиштето на НАТО во Брисел.

Шпанскиот ракетен комплекс Патриот за воздушна заштита ќе остане во Турција, објави Столтенбeрг. САД веќе распореди авиони во Турција, а такви ќе даде и Велика Британија. Германија и Данска ќе обезбедat воени бродови, кои ќе бидат распоредени во Средоземното Море. "Очекувам и другите земји-членки да дадат придонес", изјавиl генералниот секретар.

НАТО одигра клучна улога во борбата против "Исламска држава", различните земји од пактот вложуваат различни напори во оваа насока, сите земји од Алијансата се дел од меѓународната коалиција против ИД, како и многу наши партнери, изјави Столтенберг.

Денес ќе биде дискутирано, како НАТО може да продолжи со поддршката на Турција. Тоа не е поврзано со инцидентот со Су-24, бидејќи овој процес оди од неколку години, изјави Столтенберг.

За НАТО е особено важно борбата против Исламска држава да ги пронајде главните причини за појавата на оваа организација, како и да биде оценето како земјите од регионот можат да бидат способни за самоодбрана.

Обезбедуваме стабилност не само со распоредувањето на наши сили, но и преку градење на капацитети за локалните сили за безбедност, со организирање на вежби и со совети за силите, на пример во Ирак, работиме добро со Тунис, посочи генералниот секретар.

"Русија има воена техника во Сирија и Медитеранот, но го гледаме тоа и во Калининград и Црното Море во Крим. Ова е една од причините поради кои ја зголемуваме подготвеноста и имаме сили во Источниот дел", додаде главниот секретар пред да седне на маса на преговори со сојузниците.

Слично

Поврзани вести