Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАТО силно ги поддржува потезите на Трамп - Руте ги оправдува новите напади врз Иран: „Беше апсолутно неопходно“

НАТО силно ги поддржува потезите на Трамп - Руте ги оправдува новите напади врз Иран: „Беше апсолутно неопходно“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека новите американски напади врз Иран биле „апсолутно неопходни“.

Тој оцени дека Вашингтон морал решително да реагира по, како што изјави, кршењето на прекинот на огнот од страна на Иран.

- Кога имате прекин на огнот, а Иран во основа го крши, мислам дека е апсолутно клучно САД силно да реагираат, изјави Руте за новинарите пред самитот на лидерите на НАТО во Анкара - објави Ројтерс.

Тој рече дека очекува сојузниците во текот на денот да го потврдат својот став дека Иран треба целосно да го отвори Ормутскиот теснец за меѓународен превоз.

Зборувајќи за односите во рамките на Алијансата, Руте рече дека постои „целосна посветеност“ на американскиот претседател Доналд Трамп кон НАТО, но дека Вашингтон во исто време оправдано очекува европските членки и Канада да ги зголемат трошоците за одбрана и да ги делат трошоците порамномерно во рамките на алијансата.

Коментирајќи го наводното незадоволство на некои американски претставници од сојузниците околу нивниот став кон Иран, Руте оцени дека станува збор за „изолирани случаи“.

Генералниот секретар на НАТО се осврна и на прашањето за Гренланд, наведувајќи дека е во тек „добар процес“ во врска со ова прашање, но не даде дополнителни детали.

Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести