Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАТО се приближува до Русија со нови центри и војници

НАТО се приближува до Русија со нови центри и војници

НАТО го одобри формирањето на нови командни центри во Унгарија и Словачка. Алијансата исто така одобри зголемување на силите за брза реакција до 40 илјади војници.

Ова го изјавил генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по седницата на министрите за одбрана на земјите членки, објавија светски агенции.

НАТО планира да ги зголеми силите за брза реакција и да се создаде уште два командни центри во Источна Европа - Унгарија и Словачка, истакнал тој пред новинарите.

Нарекувајќи го оваа зајакнување на вооружените сили како најголемото „од крајот на Студената војна“, Столтенберг додал дека Алијансата ќе го зголеми бројот на воените вежби и дека веќе има воспоставено шест мали штаба во Источна Европа.

Според него новите два центри во Словачка и Унгарија ќе „обезбедат на нашите сили да се движат брзо и ефикасно, ако треба да бидат распоредени некаде“.

Алијансата исто така „даде финално одобрување на воениот концепт - да станат поголеми, побрзи и поспособни“ силите за брза реакција на НАТО.

Тој исто така изјавил дека дополнителното распоредување на силите во балтичките држави е како одговор на руските дејства, додава дека „сè што НАТО прави е со одбранбен карактер, пропорционално е во согласност со нашите меѓународни обврски, но НАТО треба да и одговори на Русија“.

Според него Алијансата исто така постигнала согласност „да се продолжи со поддршката за Авганистанците“.

Во соопштението на НАТО се наведува дека контролните центри во Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Романија работат активно од септември.

НАТО ја поздрави желбата на Германија да ги води силите за брза реакција до 2019 година и плановите на Велика Британија да распореди повеќе војници во балтичките земји и Полска за обука и вежби.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг најавил уште дека силите на НАТО за брза реакција имаат подготвеност за распоредување „на југ“. Тој прецизира дека Алијансата нема намера да продолжи со користење на овие сили, како и дека под „југот“ се разбира реонот на Турција, Сирија и Ирак.

Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјавил дека приближувањето на воена инфраструктура на НАТО кон границите на Русија предизвикува опасност и ќе доведе до одмазднички мерки.

Тој го изјавил ова како реакција на зборовите на британскиот министер за одбрана кој изјавил дека неговата земја има намера да распореди свои војници во балтичките републики за спречување на евентуални руски провокации.

„Измислуваат изговор кој беше изложен за имагинарна закана која доаѓа од Русија, тоа е камуфлажаа која ги прикрива плановите за понатамошна експанзија на НАТО во насока на нашите граници“, изјавил Песков. Тој истакнал дека овој процес не е нов, туку датира веќе десетици години.

Слично

Поврзани вести