НАТО: Русија во Украина создала силна војска
Висок функционер на НАТО, генерал Филип Бридлав изјавил дека на истокот од Украина „Русија создала силна војска која е добро наоружена и опремена“.
„Не сме задоволни и искрено сме загрижени поради продолжувањето на борбите кои се водеа последните три-четири дена, по што стапи на сила договорот за примирје. Ние веруваме дека сите страни ќе се придржуваат на овие активности“, изјавил Бридлав при посетата на Косово.
Тој додал дека руските операции на истокот од Украина ги поместиле линиите западно од Дебаљцево, со што им овозможила на украинската војска да го напушти Дебаљцево.
„Ова е загрижувачки бидејќи им овозможува на руски сили полесно да се движат во рефионот Донбас“, изјавил Бридлав.
Слично
