НАТО распоредува 4.000 војници на границата со Русија
Западните сојузници се на пат да распоредат четири баталјони со состав околу 4.000 војници во Полска и балтичките држави, за да ја зајакнат границата со Русија.
Активностите се под влијание на зголемената Руска воена активност. Ова гопишува весникот "Волстрит журнал", кој се повикува на официјални извори.
Се очекува САД да се вклучат со два баталјони, а Германија и Велика Британија да се вклучат со по еден. За време на посетата во Брисел американскиот заменик-министер за одбрана Роберт Ворк ја потврди информацијата и посочи дека распоредувањето на војниците на руската граница е во одговор на зголемената руска активност околу балтичките земји - Летонија, Литванија и Естонија.
Германските власти коментираа дека размислуваат за планови за распоредување на баталјон во Литванија пред јулскиот самит на НАТО .
Конечна одлука се уште нема.
"Во моментов размислуваме како би можеле да продолжиме или да ја засилиме посветеноста" кон источната периферија на Алијансата, изјави канцеларката Меркел вчера.
Балтичките земји се целосно едногласни - сакаат можно поголемо присуство на НАТО. САД, Велика Британија и Обединетото Кралство изјавија дека распоредените сили треба да не се спротивни на Основувачкиот акт од 1997 година меѓу Русија и НАТО - договорот забранува распоредување за постојано на големи војски по руските граници, додава весникот.
