Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАТО: Путин е опасен играч, може да користи нуклеарно оружје

НАТО: Путин е опасен играч, може да користи нуклеарно оружје

Командантот на Обединетите сили на НАТО во Брoнском (Холандија) генерал Ханс-Лотар Домрезе изјавил дека Алијансата е загрижена од можноста Русија да користи нуклеарно оружје.

Русите го сметаат за можно користењето на тактичко нуклеарно оружје како средство за водење војна. Ние - не планираме да користиме такво, истакнал генералот во интервју за германското списание „Фокус“.

Тој го окарактеризира рускиот претседател Владимир Путин како непопустлив, прогресивен политичар кој е способен да ги предвиди ситуациите, но во исто време е „коцкарски играч“, кој може да биде многу опасен.

Домрезе истакнал дека ниту НАТО, ниту тој лично не ја гледаат Русија како непријател, но ја гледаат како потенцијална закана.

„Сакам да истакнам дека никој во НАТО не сака војна. Ние само ќе го заштитиме населението. Се надевам дека претседателот Путин ќе го разбере тоа. Ова ќе ми дозволи да спијам мирно“, додал офицерот.

Слично

Поврзани вести