НАТО прекинува секаква соработка со Русија
Северноатлантската алијанса прекинува секаква практична воена и цивилна соработка со Русија заради анексијата на Крим. Ваквата одлука била донесена на денешниот состанок на шефовите на дипломатии на земјите-членки на НАТО, од каде беше упатен и јавен повик до Москва „итно да преземе мерки за враќање кон почитувањето на меѓународното право“.
Сепак, Алијансата ќе продолжи да го одржува дијалогот со Москва преку срередбите на Советот НАТО-Русија, на ниво на постојани претставници и на повисоко ниво.
По средбата на министрите во Брисел, НАТО соопшти и дека ќе ја зајакне соработката со Украина и ќе продолжи да ги поттикнува реформите во одбраната во оваа земја. Во заедничката изјава се нагласува дека земјите-членки на НАТО го поддржуваат територијалниот интегритет на Украина.
Слично
