НАТО одлучи – праќа трупи на исток
Министрите на земјите членки на НАТО одлучиле денеска на состанокот во Брисел да формираат нова единица за брзо реагирање и да постават шест командни центри долж источната граница на Алијансата, соопштено е денеска од Северноатлантскиот сојуз.
Оваа единица со јачина на бригада, популарно наречена „ударна песница“ на НАТО, ќе се состои од четири до пет илјади луѓе и ќе биде во состојба во рок од два до четири дена да реагира на секоја закана на Сојузот, порачаа министрите во соопштението.
Освен тоа, на состанокот е одлучено во Романија, Бугарија, Полска, и три балтички земји да се постават штабови и командни центри за прифаќање на оваа единица, која од денеска официјално го добила името Заеднички сили на многу висока борбена готовност со англиски акроним ВЈТФ. Формирањето на ВЈТФ и приватните бази на источните граници на НАТО било договорено на септемврискиот самит на НАТО во Велс но земјите членки досега не можеле да се согласат со деталите на планот и за поедини доприноси на заедничкиот проект.
Според планот кој денес е усвоен, ВЈТФ ќе стане оперативна средина следната година, откако членките ќе испратат контингенти на заедничка обука.
Иако во соопштението никаде посебно не се наведува, планот е усвоен како одговор на зајакната воена активност на Русија на источните граници на НАТО, како и на балтичките земји кои би можеле да станат мета на руската агресија.
