Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАТО објасни зошто не се обрзани да дадат одбранбена помош на Украина

НАТО објасни зошто не се обрзани да дадат одбранбена помош на Украина

НАТО сепак нема да понуди некоја поголема помош и поддршка за Украина. Постојаниот претставник на Германија во НАТО, Ридигер Кениг изјави дека НАТО не е обврзан да ѝ дава одбранбена помош на Украина бидејќи таа земја не е членка на алијансата. 

Тој во интервју за „Шпигел“ рече дека нема колективни обврски за Украина. Рече дека во спротивно „може да почне голема војна, во која ќе бидат вклучени 30 земји одеднаш“.

„Во никој случај не сакаме НАТО директно да учествува во оваа војна“, рече Кениг. 

Кажа дека алијансата секој ден разговара за конфликтот во Украина. Освен тоа, одредени земји членки на организацијата му даваат финансиска помош на Киев и го снабдуваат оружје, пренесува „Новости“.

Деновиве украинскиот претседател Володимир Зеленски побара брз прием на Украина во НАТО, по руската анекција на четири украински региони. Но, сега Украинците се концентрирани на враќање на овие територии. Ден по анексијата, украинските сили го вратија под своја контрола градот Лиман. 

Берлин, Копенхаген, Осло и Париз ќе му пружат воена помош на Киев со артилериско оружје, пишува францускиот весник „Фигаро“. Украинските вооружени сили наскоро ќе добијат од шест до 12 нови француски самоодни артилериски пушки „Цезар“.

Слично

Поврзани вести