Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАТО ќе ги зголеми силите за брза реакција до 40 000 луѓе

НАТО ќе ги зголеми силите за брза реакција до 40 000 луѓе

Министрите за одбрана на земјите во НАТО се договориле да го зголемат капацитетот на силите за брза реакција до 40 000 лица, соопшти „Ројтерс“. Во моментов овие воени сили се околу 13 000.

Во рамките на силите за брза реакција НАТО планира создавање на специјални сили од 5000 војници, кои можат да бидат мобилизирани во рок од 48 часа. САД ветија дека ќе придонесат за оваа единица со воени специјалци, разузнавање и други елитни војници или опрема.

Постои ризик од обновување на интензивните борби во источна Украина, каде примирјето редовно се нарушува, изјавил генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а соопштија светските агенции, повикувајќи се на „Франс прес“.

Тој зборувал денеска во Брисел на отворањето на седницата на Комитетот на НАТО-Украина на ниво на министри за одбрана. „Русија продолжува да ги поддржува сепаратистите, доставувајќи им оружје и војници. Таа ги задржува значајните сили на границата со Украина“, изјавил шефот на НАТО.

Столтенберг истакнал дека најдобар пат за решавање на конфликтот е почитувањето на Минскиот договор и повикал кон тоа сите страни во конфликтот, истакнувајќи посебната одговорност на Русија. На седницата учествуваат министрите за одбрана на 28-те земји членки на Алијансата.

Слично

Поврзани вести