НАТО: Ќе ги засилиме воените вежби поради Русија
НАТО планира да ги засили своите воени вежби во регионот на Балтичкото море како одговор на минатомесечните маневри во тој регион од страна на руската војска, изјавил генералот Филип Бридлав.
Врховниот командант на НАТО силите во Европа, американскиот генерал Бридлав, најавил и дека ќе има неколку измени во НАТО програмата за изведување вежби.
„Првата серија измени нема да биде зголемување на бројот, туку нивно групирање...поради подобра подготовка на нашите сили со цел да им се овозможи на земјите заедно да работат како НАТО сила, но планираме и зголемување на бројот на воените вежби“, рекол Бридлав кој во моментов се наоѓа во НАТО базата во Полска, пренесува „Ројтерс“.
Бридлав истакнал и дека Русија продолжува да им помага на проруските бунтовници на истокот во Украина, со што се намалуваат изгледите за мировни преговори.
„Да, таму е примирје, но тоа што во моментов се случува е континуиран дотур, континуирана обука и континуирана организацијан на силите источно од линијата на фронтот“, рекол Бридлав.
Тие нивни активности, нагласил Бридлав, продолжуваат да предизвикуваат загриженост.
Слично
