НАТО ќе ги зајакне своите сили во источна Европа
НАТО најави детален план за зајакнување на воените сили на Aлијансата во источна Европа поради случувањата во Украина. Според најавите ова ќе најголемото засилување на силите во регионот по завршувањето на Ладната војна. Одлуката треба да се донесе на денешната еднодневна средба на министрите за одбрана од земјите-членки на НАТО.
Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг пред почетокот на средбата изјави дека НАТО е подготвен да го заштити секој свој сојузник од било каква закана, без разлика од каде таа доаѓа.
„Сега се решителни моменти за Европа и светот. Ситуацијата во Украина се влошува, Русија продолжува да не ги почитува меѓународните правила и да ги вооружува и обучува бунтовниците, а во Африка и на Блискиот исток се шири бруталноста“, вели Столтенберг и дополни:
„Ќе донесеме решение за зголемување на нашата борбена готовност, ќе ја определиме бројноста на силите за брзо реагирање, а очекувам да се усвои и одлука за оспособување на командни и контролни центри во шест држави на НАТО, а тоа се Бугарија, Романија, Полска, Литванија, Летонија и Естонија“, додаде Столтенберг.
Слично
