НАТО и Русија воспоставија „жешка линија“, како во времето на Студената војна
Командата на НАТО и руското воено министерство го вратија т.н. црвен телефон од времето на студената војна, со тоа реагираа на зголемените тензии во Европа.
Тие повторно открија канал за билатерална оперативна врска, објави „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Иницијативата за формирање на ваков канал била на германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер во врска со зголемувањето на тензиите поради украинскиот конфликт.
Завчера во Доњецк и неговата околина повторно продолжија борбените дејства. Сепаратистите ги обвинија украинците за бомбардирањето на аеродромот и на едно локално училиште. Седум лица се повредени, а едно е мртво за изминатото деноноќие во Доњецк.
Слично
