„НАТО И ЕУ ОБЈАВИЈА ВОЈНА ПРОТИВ РУСИЈА“: Лавров со обвинувања на состанокот на Г20
НАТО и Европската Унија објавија војна против Русија, вели рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во обраќањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк
„Јасен пример е кризата предизвикана од колективниот Запад во Украина, преку која НАТО и Европската Унија кои сакаат да објават, и веќе објавија вистинска војна против мојата земја и директно учествуваат во неа“, рече Лавров.
Изјавата доаѓа откако се регистрирани нови упади на руски беспилотни летала и авиони во воздушниот простор на земјите-членки на НАТО. Алијансата во вторник ја предупреди Москва дека е подготвена да брани „секој сантиметар од територијата“ откако Естонија минатата недела пријави повреда на нејзиниот воздушен простор.
Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, која исто така се обрати на состанокот, ја обвини Русија за разни дејствија што се спротивставуваат на посветеноста на јужноафриканската претседателство на Г20 за одржлив развој, вклучително и саботирање на глобалните синџири за снабдување со храна и ширење дезинформации.
„За време на војната против Украина, Русија ги саботираше глобалните синџири за снабдување со храна, ги забрза еколошките катастрофи и ширеше дезинформации, вклучително и на највисоко ниво на меѓународни форуми како овој“, рече Калас.
