Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАТО доби нов генерален секретар – ќе го реши ли „рускиот предизвик“?

НАТО доби нов генерален секретар – ќе го реши ли „рускиот предизвик“?
Новиот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја презеде функцијата која во изминатите повеќе од пет години ја вршеше Андерс Фог Расмусен. Норвежанинот до крајот на денот ќе претседава со првиот состанок на Северноатлантскиот совет, телото составено од амбасадорите на земјите-членки, и ќе ја има првата пресконференција за новинарите во Брисел. Јенс Столтенберг, 55-годишниот социјалдемократ, во два наврати беше норвешки премиер и е економист по професија. За генерален секретар на Алијансата беше именуван во март годинава, а на должност стапува во исклучително чувствителен период - во време на драстично влошени односи меѓу НАТО и Русија. Неговата позиција е уште повеќе чувствителна и затоа што е прв генерален секретар на НАТО, кој доаѓа од земја која граничи со Русија. Во текот на својата политичка кариера во Норвешка развил блиски односи со Русија, а со Владимир Путин и Димитриј Медведев потпишувал важни договори за разграничување на море и за укинување на визите за граѓаните од двете страни на границата. Во младоста тој бил пацифист и всушност им припаѓал на движења кои протестирале против НАТО и ЕУ. За функцијата генерален секретар на Алијансата наводно го предложила германската канцеларка Ангела Меркел, а потоа тој избор го поддржал и американскиот претседател Барак Обама. Јавноста во Норвешка ја зачуди и во кампањата за последните парламентарни избори лани, кога на својот Фејсбук профил објави видео клип како преправен во такси возач со часови ги возел граѓаните во Осло. Тоа го направил за да ги слушне како тие размислуваат. Еден патник го препознал и го запрашал: „Значи станавте такси возач, си дадовте оставка на местото премиер?“
Слично

Поврзани вести