Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наташа Пирц Мусар: Прво ќе го посетам регионот на Западен Балкан

Наташа Пирц Мусар: Прво ќе го посетам регионот на Западен Балкан

Новоизбраната претседателка на Словенија, во првото големо интервју по изборите, рече дека верува оти Словенија претставува „прозорец и врата кон ЕУ за регионот на Западен Балкан“.

Новата претседателка на Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска изјави дека за првото патување во странство ќе ги избере земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека е особено загрижена за односите меѓу Белград и Приштина.

Пирц Мусар за Радио Словенија изјави дека нејзиниот прв избор ќе биде да ја посети Германија, главниот трговски партнер на Словенија, но дека неодамнешните настани на Западен Балкан ја натерале да се премисли.


Фото: Youtube - screenshoot

Слично

Поврзани вести