Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наталија Вовк е убиена со 17 убоди со нож во Австрија?

Наталија Вовк е убиена со 17 убоди со нож во Австрија?

Полицијата во Австрија нема информации дека Украинката Наталија Вовк е убиена со 17 убоди од нож. 

Министерство за внатрешни работи не ја потврди веста што кружи по социјалните мрежи за убиството на Вовк, која е осомничена за  убиството на Русинката Дарија Дугина, ќерка на Александар Дугин, филозоф, јавна личност, и близок човек на рускиот претседател Владимир Путин. Претходно, низ социјалните мрежи и на некои медиуми се појави информацијата дека Вовк е убиена со 17 убоди од нож, а дека ќерка и исчезнала.

Русинка загина ноќта на 20 август, кога автомобилот во кој требаше да се наоѓа и нејзиниот татко експлодирал на автопатот Можајск во областа Одинцово во московскиот регион.

Таткото на Дарија вели дека таа била целта на убијците, а не тој. 

„Сè беше насочено да ја убијат и, во принцип, тука немаше грешка“, вели Дугин. 

Инаку, тој се залага за идејата за нова руска империја во која ќе влезат и делови од Украина. Русите се заканија дека ќе ја одмаздат Дугина. 

Слично

Поврзани вести