Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАСТРАДАА НАД 8.300 ЛУЃЕ ВО ГАЗА: Koлку од нив се деца?

НАСТРАДАА НАД 8.300 ЛУЃЕ ВО ГАЗА: Koлку од нив се деца?

Расте бројот на загинати во Појасот Газа. Настрадаа  8.306 луѓе, од кои 3.457 се деца. 

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека бројот на загинати од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас скокна на 8.306 луѓе. Во борбите што почнаа на 7 октомври повредени се 21.000 лица. Жртвите на нападот на Хамас врз Израел се 1.400 луѓе, а повеќе од 200 лица, меѓу кои и странци, беа земени како заложници и однесени во Појасот Газа.

Во израелските напади врз Појасот Газа досега се уништени 47 џамии, додека три цркви се оштетени, соопштија тамошните власти. 

Во документот составен од израелското Министерство за разузнавање, како решение за Појасот Газа по соборувањето на Хамас, се препорачува преместување на цивилното население на египетскиот Синајски Полуостров.

Слично

Поврзани вести