Економија, финансии, бизнис

Контакт

Настанот во Буча е добро оркестрирана трагична претстава, вели Песков

Настанот во Буча е добро оркестрирана трагична претстава, вели Песков

Настанот во Буча е добро оркестрирана трагична претстава, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Тој денеска изјави дека какви било обвинувања против Русија во врска со настаните во Буча не само што се неосновани, туку и „добро оркестрирано трагично шоу“.

Песков вели дека треба да размислиме дали за случајот може да се направи независна истрага. 

Во Буча во Украина откако руската војска се повлече, најдени се убиени цивили, со врзани раце. Во Буча имаше и масовна гробница. 

Украинската разузнавачка служба го објави список на руски војници „кои извршиле воени злосторства против народот на Украина во Буча“.

Поради масакрот, повеќе европски земји ги протеруваат руските дипломати. 

Шпанија, Италија и Шведска протеруваат руски дипломати, Русија го оцени потегот како „кратковиден“. 

Слично

Поврзани вести