Наследникот на Меркел ги повика Германците да се вакцинираат и со тоа да бидат побрзи од вирусот
Олаф Шолц, наследникот на канцеларката Ангела Меркел ги повика сите Германци да се вакцинираат.
Вели дека брзината сега е важна. Во Германија се шири сојот омикрон.
„Мораме да бидеме побрзи од вирусот“, рече Шолц.
Шолц замоли за разбирање поради значително построгите рестриктивни мерки кои стапија на сила во Германија, вклучително и ограничувања на приватните собири. “.
Затворени се сите клубови и дискотеки. Во земјата важи правилото за собирање најмногу десет лица, не сметајќи ги децата до 14 години. Ова правило важи без разлика дали се вакцинирани или невакцинирани. Доколку меѓу овие лица има невакцинирани, тогаш важи правилото дека насобраните треба да бидат од едно домаќинство, а најмногу две лица е дозволено да припаѓаат на друго домаќинство.
foto EPA